Агентите на тајната служба го одвеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа била опкружена со демонстранти.
Трамп поминал речиси еден час во бункерот во петокот вечерта, изјави извор за Си-Ен-Ен кој посака да остане анонимен.
Неименуван член на Републиканската партија близу Белата куќа соопшти дека Трамп бил бргу одведен во подземен бункер поради демонстрациите пред Белата куќа, а тоа го потврдил и друг службеник.
Ненадејната одлука на Тајната служба укажа на проблематично расположение во Белата куќа, во која можеле да се слушнат викотници од насобраните демонстранти во паркот Лафајет веднаш наспроти зградата во текот на целиот викендот, додека агентите и полицијата на Тајната служба се обидувале да ја задушат масата.
Протестите заради смртта на Флојд избувнаа низ Америка и започнаа во главниот град во петокот, а оттогаш безбедноста во Белата куќа е засилена од Националната гарда и дополнителната тајна служба и полицискиот персонал, пишува порталот Независни.
Вчера, Министерството за правда распореди и членови на американската служба позната како Маршал и агенти од Управата за спроведување на дрога (ДЕА) за зајакнување на трупите на Националната гарда пред Белата куќа, изјави претставник на Министерството за правда.











