Секуален однос во вашата куќа со некоја жена од друга куќа е нелегален, од денес во во Велика Британија (United Kingdom), е нелегален, откако владата воведе нови мерки за карантин за да ги спречи луѓето од одделни домаќинства да се собираат во приватни простори, пишува „Мирор“ („Mirror“).

До сега се сметаше дека лице кое посетува нечија куќа за секс, ги крши правилата за карантин, но според новите правила претставени во британскиот парламент во понеделникот, и двете лица во тој случај го кршат законот.

Новиот закон ексклузивно забранува престој на повеќе од една личност (надвор од домаќинството) без разумна причина, а оние кои го имаат тој изговор се професионални спортисти, ожалостени на погреб, ранливи луѓе кои сакаат да избегнат ризик од насилство, старатели и лица кои имаат неизбежни работни обврски.

Што се однесува до ожалостените кои се собираат за погребот, според правилата, тие можат да останат преку ноќ за да присуствуваат на последното збогување ако се членови на семејството на починатиот или блиски пријатели на неговото семејство. Спортистите можат да останат на друга локација, надвор од нивниот дом, доколку тренираат на натпреварот, а тоа се однесува на врвните спортисти, тренери и родители.

Други, кои се ослободени од новото правило, се оние кои се движат и луѓето на кои им е потребна медицинска помош.

Во Велика Британија (United Kingdom), има шокантно зголемување на семејното насилство за време на карантинот, поради пандемијата на коронавирус и новите мерки го зедоа предвид ова, дозволувајќи му на едно лице да спие во друга куќа за да избега од ризикот. Владата вети дека ќе ги разгледа правилата во врска со клинички исклучително ранливите делови на населението, како дел од разгледувањето на мерките за социјално растојание за општата популација.

„Мирор“ („Mirror“) наведува дека повеќе од два милиони луѓе во Англија (England) се само во изолација и дека многумина се чувствуваат заборавени. Добротворните организации побараа од владата да ги објави доказите врз кои се темели промената на правилата за карантин, изјавувајќи дека тие доаѓаат „како гром од ведро небо“ и  „додадоа впечаток дека заштитената група на населението, не е доволно висока на приоритетниот список“.

Следниот преглед на овие мерки на заштита, ќе се случи за две недели.

Новиот закон, претставен денес во 11:30 часот по полноќ, без дури да помине низ парламентот, ќе ги олабави најголемите ограничувања на човековите слободи во Англија, кои стапија во сила со воведувањето на карантин на 26 март. Промените ќе овозможат до шест лица да се соберат во јавноста, држејќи физичка дистанца.

Сепак, начинот на подготвување на законот значи дека сексот помеѓу двајца возрасни од различни домаќинства е забранет дури и во вашата куќа, за прв пат до сега. Се разбира, законот не го брани експлицитно сексот, но се вели дека „никој не може да учествува на собир“ во затворен простор со две или повеќе лица.

Ова е голема промена од претходното правило со фокус на собири на јавни места. Законот го дефинира собирот како „две или повеќе лица присутни заедно на исто место со цел да се изврши каква било форма на взаемна социјална интеракција или да преземат какви било други меѓусебни активности“.

„Mirror“

„Dubai-Portal“