Во Соединетите Американски Држави (САД) не престануваат протестите коишто започнаа по насилството на полицијата минатата недела во градот Минесаполис во кое животот го загуби Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Протестите против полициското насилство кое често се врши при што животот го губат голем број Американци црнци продолжуваат да се шират во голем број градови и сојузни држави во САД, при што повремено стануваат сцена и на нереди, насилство и грабежи.
Илјадници демонстранти излегоа на улиците во голем број градови на САД, а пред се во главниот град Вашингтон и во градовите Минеаполис, Филаделфија, Чикаго и Лос Анеџелес.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека движењето Антифа кое се обвинува за поттикнување на насилството на протестите ќе биде прогласено за терористика организација. Потоа секретаријатот за правда соопшти дека им е издадена директива на федералните сили за фаќање на како што беше наведено „провокаторите“, вклучувајќи ги и членовите на движењето Антифа кое пак, инаку се појави во 1930-сетите години во Германија против порастот на нацизмот и кое означува кратеница на зборот антифашизам.
Освен тоа, американскиот претседател Доналд Трамп упати повик до локалните функционери на Демократите да стапат во акција и ја поддржат националната гарда.
Трамп во објавеното соопштение преку социјалната мрежа Твитер истакна дека мора да се интервенира „пред да биде доцна“ против демонстрантите кои пак ги окарактеризира како „радикални анархисти“.
Инаку, 46 годишниот Џорџ Флојд (Афроамериканец) кој минатата недела под сомнение за измама беше приведен од страна на полицијата во Минеаполис, со минути го молеше полицаецот (белец) застанат со колено на неговиот врат велејќи „Не можам да дишам!“, по што го загуби животот во ова полициско насилство. Трогателните снимки од овој настан беа споделени преку социјалните медиуми со што повторно се разгореа дискусиите во врска со полициското насилство врз припадниците на црната раса во САД и започнаа протести во голем број градови, а пред се во Минеаполис кои продолжуваат да стануваат сцена и на насилство и рушења.
Прексиноќа само за време на протестите во Њујорк се уапсени 345 демонстранти, а се повредени и 33-јца полицајци.
Во Манхатан се ограбени повеќе од десетина работни места, оштетени се 47 полициски возила чии стакла беа скршени или пак беа запалени.
TRT









