Со строги упатства, десетици илјади џамии низ Саудиска Арабија, денес повторно се отворија по скоро повеќе од два месеци.

На верниците дозволен му е влез во џамиите и клањање на намазите, освен во џамиите во Мека.

Саудиските власти соопштија дека милиони пораки им биле испратени на луѓето за да ги информираат за новите правилаоколу клањањето на намазите. Овие правила вклучуваат оддалеченост од два метра меѓу луѓето за време на клањањето, носење маски за лицеи и воздржување од поздравување едни со други со ракувања или прегратки.

Anadolu