Во Сараево се одржа мирен протест: „Доста беше молчење!“

by Administrator

Повеќе илајди луѓе се собраа денес во центарот на Сараево од каде тргнаа во протестна прошетка до зградата на парламентот на БиХ, незадоволни од состојбата во државата.

Како што пренесуваат медиумите, граѓаните протестираат незадоволни од работата на актуелната власт, одложувањето на локалните избори и корупцијата.

Протестната прошетка ја организираше Платформата за прогрес, а ѝ се придружија партиите Народ и правда, СДП, Наша странка и Независна босанскохерцеговска листа.

Sarajevo: Protestna šetnja “Dosta je bilo šutnje”

Тие ги повика граѓаните на Мостар, Тузла, Бања Лука и сите останати градови во БиХ да се приклучат на протестите во своите средини. Еден од коорганизаторите на протестите изјави дека состојбата во земјата е толку лоша што на граѓаните им останува само да ја бараат правдата на улиците за нешто да се смени.

Sarajevo: Protestna šetnja “Dosta je bilo šutnje”

„Вака сме присилени да бараме промени на изборниот закон за да се спроведат избори на кои нема да се краде и потоа да почнеме да ја менуваме состојбата во земјата“, кажа претседателот на Независната босанскохерцеговска листа Сенад Шепиќ.

 

You may also like