ЕРУСАЛИМ (КУДС) (АА) – Радикални Евреи извршија упад во комплексот на џамијата „Ал Акса“, што се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим и утрово повторно се отвори за богослужба, по повеќе од 2 месеци, поради епидемијата од новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од локални извори, 75 радикални Евреи придружени од израелската полиција влегле во дворот на „Харем-и Шериф“ преку портата „Ал-Магрибе“, лоцирана југозападно од „Ал Акса“.

Палестинците во „Месџид-и Акса“ со молитви реагираа на упадот. Израелската полиција уапси 4 Палестинци.

Претходно, џамијата „Ал Акса“, која е затворена од 22 март поради Ковид-19, утрово беше отворена за богослужба.

Екстремнодесничарските еврејски групи вчера преку социјалните медиуми упатија повик за упад во „Ал Акса“.

Со „Ал Акса“ управува Управата за вакуфи во Ерусалим (Кудс) врз основа на договорот потпишан во 1994 година, меѓу Израел и Јордан.

Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кое е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.

По „Ал Харам“ во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина, „Ал Акса“ е трето најважно место за муслиманите.

Anadolu