Со кланање на џума намаз, денес во Турција, започна изведбата на заеднички молитви во џамиите, по забраните во рамките на мерките против ширењето на коронавирусот.
Првата џума-намаз во Истанбулската џамија Фатих ја водеше претседателот на Дирекцијата за верски работи на Република Турција, Али Ербас, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради повторното отворање на џамиите за заеднички молитви, пред џума-намаз во во централните џамии во Турција жртвувани беа 1.003 животни, а месото ќе биде дистрибуирано до луѓето кои имаат потреба.
Дирекцијата за турски работи на Турција претходно издаде препораки за однесување за време на џамиите, во согласност со мерките предвидени од Министерството за здравство, кои вклучуваат носење маска за лице, употреба на сопствено сеџаде, и избегнување физички контакт.










