Турција денес ја одбележува 567. годишнина на ослободувањето на Истанбул од страна на Султан Мехмет Освојувачот во 1453 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Активностите по овој повод се организираат во Ајасофија под координација на Одделот за комуникации при турското Претседателство и од страна на Министерството за култура и туризам на Турција.
Во Ајасофија денес беше читано сурето Фетх од Куранот. Ајасофија беше симболот на ослободувањето кое се случи на 29 мај во 1453 по 54-дневна опсада, додека во следниот петок султанот Мехмет Втори ја клањаше првата петочна молитва.

Во рамки на оваа активност, беа извршени молитви на кои преку видео-конференција се приклучи и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
По молитвата, турскиот претседател во своето обраќање укажа на важноста на сеќавањето на 567. годишнина на ослободувањето на Ајасофија, аманетот на султанот Мехмет Освојувачот, преку молитви.

„Се надеваме дека во 2053 година, кога ќе ја одбележаме 600. годишнина на ослободувањето, на нашите млади ќе им оставаме Турција која е достојна за нивниот прадедо, Фатихот (султанот Мехмет Освојувачот)“, рече Ердоган.
„Додека во 2071 година, на 1000. годишнина на победата на Манцикерт, ќе се движиме кон поголеми цели“, додаде Ердоган.
По обраќањето на Ердоган, на платформа во Ајасофија беше прикажан видео-материјалот во врска со ослободувањето на Истанбул.
Програмата заврши со огномети на историскиот полуостров во Истанбул.
Anadolu








