Универзитетот „Оксфорд“ („Oxford“) планира да ја тестира својата потенцијална вакцина против KОВИД-19 (COVID-19) врз луѓето во Африка (Africa), поточно, во Кенија (Kenya), пренесува „Анадолија“ („Anadolu“).

Според платформата на Светската здравствена организација (СЗО) (WHO), која ги објави деталите за студијата, вакцината ќе биде тестирана на 400 луѓе во Кенија на возраст над 18 години за да се утврди можноста за развој на имунитет на вирусот корона.

Наведено е дека ќе бидат тестирани само доброволни лекари, медицински сестри, фармацевти и други здравствени работници од градовите Килифи (Kilifi) и Момбаса (Mombasa).

До септември, 30 милиони примероци

Кенискиот претседател Ухуру Кениата (Uhuru Kenyatta) изјави минатиот месец дека кенијците нема да бидат изложени на тестирање за потенцијални вакцини.

Сè уште не е познато дали кениската влада го поддржа планот.

Универзитетот во „Оксфорд“ („Oxford“) претходно соопшти дека постигнал договор за лиценца со Астра Зенека (Astra Zeneca) за вакцина против КОВИД-19 (COVID-19). Ако студијата за вакцини на Универзитетот е успешна, 30 милиони дози ќе бидат произведени до септември.

Пишува: „Anadolu“

Пренесува: „Dubai-Portal“