Дојде како привремено решение, но во Баерн увидоа дека со него можат да ги остварат зацртаните цели и затоа го назначија за постојан тренер. Ханс Флик со синоќешната победа од 1:0 во „Дер Класикер“ стигна до 15. победа во првите 18 натпревари во Бундес лигата како тренер на Баерн.
„Баварците“ по поразот од Менхенгладбах на крајот на минатата година впиша 13 победи во 14 натпревари, од кои седум едноподруго. Флик во 18 одиграни натпревари изгуби само два дуели (од Менхенгладбах и Леверкузен, играше нерешено со Лајпциг), а го замени Нико Ковач на клупата во ноември. Подобра серија од него имаше само Пеп Гвардиола во сезоната 2013/14.
Флик сега е постојан тренер на Баерн, а последниот ден од април оваа година потпиша договор со баварскиот клуб до 2023.









