Шпанските власти ја ревидираа статистиката за коронавирус, отстранувајќи ги дупликатите и смртните случаи кои не се поврзани со коронавирусот. Како резултат, бројот на загинати во земјата опадна за скоро 2.000.
Бројките за „Ковид-19“ беа ревидирани во понеделникот, откако здравствените власти воведоа нов систем на броење. Во моментов, нагло опаѓање на смртните случаи од коронавирус доаѓа откако владата успеа да идентификува случаи што беа преброени двапати, како и да ја исклучи смрттните случаеви кои неправилно се припишувале на вирусот.
Шпанското Министерство за здравство предупреди дека „отстапувањата што може да се појават во однос на податоците за вкупно претходно пријавените случаи, се резултат на нивна потврда од автономните заедници и транзицијата кон нова стратегија за надзор“. Додадоа дека веројатноста за намалување на броевите ќе продолжи и во наредните неколку дена.
Сепак, и покрај ревидираната сметка, Шпанија останува една од најтешко погодените од пандемијата. Вкупниот број на загинати од „Ковид-19“ сега е 26.834 – 1.918 помалку од порано. Бројот на потврдени случаи е намален за неколку стотици и во моментов изнесува 235.400.
„Thelocal.es“
„Duba-Portal“










