Јапонскиот премиер Жинзо Абе, соопшти дека Владата ја укинува вонредната состојба во деловите на земјата каде што ја имаше, вклучувајќи го и Токио.

„Имавме рестриктивни критериуми за да ја укинеме вонредната состојба. Проценивме дека критериумите се исполнети. Денеска ја укинуваме вонредната состојба во целата земја“, истакна Абе.

Вонредната состојба траеше повеќе од месец и пол. Сепак, јапонските власти наведуваат дека укинувањето на вонредната состојба нема да значи крај на пандемијата на коронавирусот.

TV21