АНКАРА (АА) – Либиската Армија, остварувајќи напредок против милицијата поврзана со Калифа Хафтар, јужно од главниот град Триполи, го стави под целосна контрола стратешкиот воен камп „Хамза“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Официјалниот портпарол на либиската Армија, полковник Мухамед Кунуну, соопшти дека армиските трупи ја протерале милицијата на Хафтар од стратешкиот воен камп „Хамза“, што се наоѓа на југот од главниот град.

Нагласувајќи дека напредокот на Армијата продолжува, Кунуну рече дека воениот персонал на Армијата продолжува да ја расчистува областа од мините поставени од милицијата на Хафтар.

Либиската Армија неодамна постигна многу воени успеси против милициите поврзани со Хафтар.

Либиската Влада, која во понеделникот ја протера милицијата на Хафтар од стратешката база „Ватија“ во западниот дел на земјата, продолжува да ги расчистува и другите области во западните региони на земјата.

Армиските единици го опколија градот Терхуне, што беше користен како центар за операции и снабдување во нападите на милициите на Хафтар. Исто така, принудија некои вооружени групи да се повлечат од фронтовите на југот на главниот град за да го одбранат градот Терхуне.