Пакистански патнички авион во сопственост на државната компанија „Пакистан Интернешнл ерлајнс“ (ПИА) денес се урна во близина на јужниот пристанишен град Карачи, при што загинаа сите 107 патници и членови на екипажот, изјави градоначалникот на Карачи.
Авионот се урна во густо населено соседство во непосредна близина на аеродромот. Градоначалникот Васим Ахтар изјави дека во авионската несреќа биле уништени најмалку пет или шест куќи. Не беше прецизирано колку жртви имало во станбената област.
Авионот, кој патувал од источниот град Лахоре, носел 99 патници и осум членови на екипажот, изјави Абдул Сатар Кохар, портпарол на цивилната авијација на Пакистан.
Цивилното воздухопловство соопшти дека пилотот упатил повик за помош, тврдејќи дека го „изгубил моторот“. Тој се обидуваал да слета кога авионот се урнал.
Сведоци потрдија дека „Ербас“ А320 се обидел да слета два или три пати пред да удри во станбена населба во близина на меѓународниот аеродром Џинах, познат како Model Colony, сиромашна и густо населена населба.
Соседот Абдул Рахман изјави дека го видел авионот како кружи барем три пати како се обидува да слета пред да се сруши врз неколку куќи.
Полицијата и армијата го опколија населбата.
– Јас сум шокиран и тажен од падот на авионот на ПИА. Истрагата ќе биде покрената веднаш. Молитви и сочувство до семејствата на жртвите – се огласи со порака на Твитер пакистанскиот премиер Имран Кан, пренесува Асошиејтед Прес.




(Вијести.ба / Фактор.ба /ЕНА)










