Денес е голем ден за муслиманите во светот. Оваа ноќ, именувана како ноќта (Лејлетул Кадир) Лејлетул Кадр ја одбележуваат сите муслимани во светот како ноќ посупериорна од сите други, ноќ во која започна спуштањето на Божјата објава – Кур’анот и ноќ „кога се отвораат вратите на небото и се прифаќаат довите (молитвите) и покајанијата“.
Вечерва муслиманите ја слават светата Ноќ Кадр за која се вели дека е подобра од илјада месеци и која се одбележува во 27-мата ноќ од муслиманскиот месец на постот Рамазан.
Во согласност со воведените мерки како превентива против ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19) прекинати се колективните верски обреди и молитвите во џамиите низ Северна Македонија во периодот на полицискиот час. Од таа причина муслиманите Ноќта Кадр ќе ја поминат во верски обред (ибадет) и читање дови (молитви) во своите домови.
Порака по повод одбележувањето на Ноќта Кадир (Лејлетул Кадир) објави и претседателот за Верски прашања на Турција Али Ербаш.
Велејќи дека исламскиот свет е во радост поради дочекот на Ноќта Кадр која ги крунисува последните денови на месецот на милоста и прошката Рамазан и пружа можност за спас од вечното мачење, Али Ербаш во својата порака потсети дека една од главните карактеристики коишто оваа ноќ ја прават посупериорна од сите други е фактот дека оваа ноќ е објавена светата книга Кур’анот (Кур’ан-и Керим е спуштен од небото), што е најголем показател на Алаховата милост кон луѓето, давајќи им водич низ животот.









