Владата во Словенија на сите полнолетни државјани ќе им додели ваучер од 200 евра кој што ќе може да го потрошат за летување на некоја од дестинациите во земјата. Целта е да се стимулира локалниот туризам, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Вакви ваучери ќе добијат и пензионерите и независните земјоделци. Според премиерот Јанез Јанша, намената на овие ваучери е да се плаќа и финансиски помогне сместувањето на граѓаните во туристичките објекти во Словенија.
Според најавите истите не можат да се користат за плаќање во ресторани или други угостителски објекти.
Poslovnihr










