Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во претседателството одржа прес конференција на која изјави дека неговата земја успешно ја продолжува борбата против епидемијата на Ковид-19, додавајќи дека животот во таа земја ќе се нормализира во согласност со развојот на ситуацијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Покажавме дека сме со нашиот народ и во овие тешки денови, со пружање на парична поддршка од 11,5 милијарди лири за речиси 10 милиони граѓани во последните два месеци“, изјави Ердоган,а конференцијата за медиуми одржана по состанокот на кабинетот, додавајќи дека е обезбедена и финансиска помош за 5,5 милиони граѓани со ниски приходи.
„Програмите за поддршка на Република Турција не се како кај некои земји само на хартија, туку токму што се реализираат во пракса“, изјави турскиот претседател.
Ердоган изјави дека од 29 мај со петочната молитва, џамиите во Турција повторно ќе бидат отворени за верниците, а дека новата учебна година ќе започне во септември.
Тој исто така изјави дека од првиот до последниот ден од празникот Бајрам во сите 81 турски области ќе бидат на сила одредени ограничувања за излегување надвор.
Тој истакна и дека единствен начин да се стави крај на пандемијата е нејзино решавање на глобално ниво.
Ердоган нагласи дека Турција и покрај пандемијата продолжува со започнатите проекти, додавајќи дека оваа недела ќе биде отворена и градската болница Башакшехир.
„Во четврток, заедно со премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, ја отвораме целата Градска болница Башакшехир“, изјави Ердоган.
Станува збор за голем комплекс кој се простира на околу милион квадратни метри со капацитет од 2.682 кревети.









