Албанската полиција се судри со активстите и опозиските приврзаници кои долго време протестираа против уривањето на зградата на Националниот театар во Тирана. Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета е приведена на протестот против уривањето на зградата на Националниот театар во Тирана, заедно со уште 30 лица.

Националниот театар на Албанија, што се смета за еден од најубавите и најзначајни објекти во албанската метропола, заминува во минатото. И покрај противењето на тетарските работници, граѓани, граѓански здруженија, партии, па дури и претседателот Илир Мета, утринава во 4.30 часот градежна механизација почна со уривање на објектот.

Albanian Daily News

Веднаш се создаде тензична ситуација што доведе до судир меѓу полицијата и активистите од Алијансата за заштита на тетарот, по што дел од нив биле приведени, а активностите за уривање прекинати.Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета е приведена на протестот против уривањето на зградата на Националниот театар во Тирана, заедно со уште 30 лица.

Abriss des besetzten Nationaltheaters in Tirana begonnen

Состојбата во Тирана каде се наоѓа објектот и натаму е тензична. Насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.

Целиот комплекс „Национален театар“ опфаќа површина од 13 илјади квадратни метри, а на седум илјади од нив е објектот во кој освен театарот се и библиотеката, центарот на преведувачи, информативниот центар и слично.

Тој е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство.

Одлука за негово уривање ја донесе албанскиот Парламент во септемри 2018 година, со ветување од владата дека ќе изгради нов посовремен објект. По масовните протести и несогласувања владата не успеа да го реализира неговото уривање. Деновиве таа го пренесе во сопстевност на општина Тирана,чиј совет на онлајн седница во четвртокот ја донесе судбоносната одлука за овој објект.

Албанскиот претседател Илир Мета до Уставниот суд достави барање за испитување на уставноста на одлуката на владата со која Националниот театар преминува во сопственост на општина Тирана, оценувајќи ја за антиуставна и оти е закана за богаството и јавниот имот.

Мета денеска остро реагираше на уривањето на објектот на Националниот театар, нарекувајќи го овој чин уставен криминал и наредба на мафијата на власт.

„Пред неколку часа, во екот на темнината, мафијата нареди уништување не само на еден од најзагрозените споменици на културното наследство во Европа, туку и на секоја илузија за постоење правна држава во Албанија“, напиша Мета на Фејсбук.

Во исто време, додава Мета, полициското насилство врз театарските уметници и новинарите е „црна дамка за мафијата на власт“.

„Оваа слика ќе биде запаметена на ист начин како казмите на диктатурата во ‘67 над црквите и џамиите.Ова е уставен,законски и морален криминал, за што нема амнестија“, напиша Мета.

Nova.