Aмбасадорот на Кина во Израел пронајден мртов, во неговиот дом

by Administrator

Кинескиот амбасадор во Израел, Ду Веи, е пронајден мртов во неговиот дом, потврди денеска израелското Министерство за надворешни работи.

Агенцијата ДПА јави дека амбасадорот Веи во земјата пристигнал во февруари, откако од 2016 година до 2019 година бил амбасадор во Украина.

„Тој имаше 58 години“, се наведува во соопштението, додавајќи дека неговата сопруга и синот не биле со него во Израел, пренесе германската агенција.

Полицијата ги испитува околностите околу неговата смрт.

Nova

You may also like