Израелските морнарички бродови отворија оган, во петокот наутро, на неколку палестински рибарски чамци во морето на Газа, стрелајчи еден рибар со куршум во главата.

إصابة صياد برصاص بحرية الاحتلال في بحر غزة

Очевидци изјавија дека морнарицата нападнала палестински рибарски чамци додека пловеле, во областа Ал Ваха (al-Waha), северозападно од градот Газа (Gaza).

Додадоа дека медицинските лица се упатиле на местото на настанот и го преместиле еден рибар, на возраст од 26 години, во медицинскиот центар Шифа (Shifa).

Рибарот бил застрелан со куршум во главата. Рибарите ги загубиле сите свои рибни мрежи во морето поради нападот и мораа да се вратат на брегот, без да можат да риболоват и да ги снабдат своите семејства.
Нападот е дел од бројните и тековни израелски прекршувања врз палестинските рибари, земјоделци и работници во опколената и затворена лента во Газа (Gaza).

IMEMC

Dubai-Portal