Американските власти го прекинаа тестирањето за коронавирус, што беше иницирано во Сиетл (Seattle) на иницијатива на Бил Гејтс (Bill Gates). Програмата на Гејтс во Сиетл требаше да биде тест за формирање на поширок систем за набљудување на вирусот во САД (USA).
Американската администрација за храна и лекови (ААХЛ) (FDA) наредила прекинување на стотиците тестови на ден во Сиетл (Seattle), што биле иницирано од милијардерот Бил Гејтс (Bill Gates), пренесе „РТ“ („RT“).
Гејтс објави дека 300 луѓе дневно ќе бидат тестирани преку програмата „SCAN“ (Seattle Coronavirus Assessment Network), но сега е објавено дека програмата е „во моментов на пауза поради судир со (ААХЛ) (FDA)“.
Програмата на Гејтс (Gates) претходно беше одобрена од Министерството за здравство во Вашингтон (Washington), но подоцна било утврдено дека експерименталното тестирање за коронавирусот бара дозвола од федералните власти.
(ААХЛ) (FDA) побара дополнителни информации за програмата „SCAN“, која ги тестира луѓето кои немаат симптоми на коронавирус засновани на брисеви од нос.
RT









