Турската разузнавачка служба (МИТ) помогна во спасување на киднапираната италијанска хуманитарна работничка во Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од безбедносни извори, 25-годишната Силвија Констанца Романо беше киднапирана во ноември 2018 година во Чакама, југоисточен крајбрежен град во Кенија.

„Остварена е соработка со турската разузнавчка служба во регионот за откривање на локацијата и навремено мобилизирање“, истакна заменик министерката за надворешни работи на Италија, Марин Серени, во изјава за телевизискиот канал „LA7“.

Италијанските медиуми нагласија дека Романо била спасена преку напорите на турското, сомалиското и италијанското разузнавање.

Романо која беше спасена во рамки на операцијата реализирана на 8 и 9 мај, пристигна на аеродром во Рим.