(Видео) Србија: Големи протести пред собранието. Напади врз пратениците и министрите

by Administrator

Пратениците на десничарската партија Двери во српскиот парламент се собраа утринава пред зградата на Скупштината, а при протестот г навредуваа и напаѓаа министрите и пратениците на владејачкото мнозинство при влегувањето, пренесува Н1.

Како што се наведува, лидерот на Двери Бошко Обрадовиќ на министерот за здравје Златибор Лончар му порачал дека „ќе оди на робија“.

Реагирало и собраниското обезбедување, а пратеникот на владејачкото мнозинство Марјан Ристичевиќ е снимен како влегува во зградата со искинато палто.

Обрадовиќ тврди дека немало физичко насилство, а пратениците на Двери тврдат дека пратеникот Милован Дрецу физички ја нападнал нивната колешка Марија Јанушевиќ.

„Осум години некој го крши уставот, ги урива сите државни институции и на секој начин ги манипулира, понижува и навредува овој народ и оваа држава. Ни ги земаа животот, слободата, финансиите и институциите, урнаа сѐ што е нормално во државата. Се буниме затоа што повеќе нема тоа да го трпиме“, кажа Обрадовиќ.

Почетокот на седницата на српското собрание доцнеше 45 минути поради инцидентот пред зградата.

На почетокот на седницата претседателката на собранието Маја Гојковиќ оцени дека станува збор за „фашистички обид на пратеникот на Двери Бошко Обрадовиќ и неговите поддржувачи да ја блокираат работата на собранието за телото да почне со својата работа“.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=dYTvmgslNAQ[/embedyt]

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=wwyKWA3uJzw[/embedyt]

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=CsK4BBfgViU[/embedyt]

You may also like