Исламската верска заедница на Република Северна Македонија (ИВЗ) на вчерашниот вонреден состанок донесе одлука: „Oд 12 мај 2020 година, вторник, џамиите ќе бидат во служба на верниците за да извршуваат колективни верски обврски“.
„Исламската верска заедница во РС Македонија од првите денови од воведувањето на пандемијата Ковид19, со цел да го заштити здравјето на граѓаните и земајќи ги предвид препораките и предлозите на државните здравствени тела, и потпирајќи се на фундаментални исламски принципи, одлучи да ги суспендира колективните молитви во џамиите.

Вреди да се спомене дека за цело време на суспендирање на молитвите во џамиите, ИВЗ со сите свои образовни тела и институции, строго се придржуваше до препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, иако свесни за нејзините последици. Исто така, Исламската верска заедница е единствената верска институција во земјата која јавно побара од исламските верници да се придржуваат кон препораките за чување на здравјето, иако ниту еден од надлежните органи не даде позитивна проценка за ИВЗ, напротив, некои кругови блиски до власта постојано ги напаѓаа ИВЗ и нејзиниот лидер.
Се надеваме дека оваа одлука на Ријасетот ќе најде разбирање кај надлежните државни органи“, се вели во соопштението на ИВЗ.









