Верниците од исламската вероисповед во Босна и Херцеговина (БиХ), по ублажувањето на мерките против ширењето на Ковид-19, повторно клањаат дневни молитви во џамиите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Иако претходните недели, џамиите во БиХ, како и во многу други земји во светот, беа затворени поради ситуацијата предизвикана со пандемијата, верниците, сепак, добија можност, со почитување на мерките за заштита, пладневната молитва, третата, попладневна дневна молитва (икинди намаз) и петочната молитва (џума намаз) да ги клањаат во џамиите.

Заедничкото извршување на молитвите во џамиите поради Ковид-19 беше запрено од 17 март, додека бројот на верниците на петочната молитва беше ограничен.

Денес на сила стапија упатствата на исламската заедница Ријасет во БиХ кои во БиХ беа донесени на седницата на Ријасет на 30 април 2020 година.

Како што се наведува на страницата на Исламската заедница во БиХ, новите упатства предвидуваат отворање на џамиите за дневните молитви со почитување на важечките препораки и прописи на надлежните органи и претходните упатства на Ријасет за почитување на мерките за заштита за време на престојот во џамиите.

Anadolu