Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган предупреди дека неисполнувањето на мерките и продолжувањето на процесот на пандемијата би можело да го чини скапо секого од 83 милиони луѓе во Турција.

„Турција нема толеранција за ниту еден ден кој ќе го изгуби залудно. Треба да преминеме порешително и побрзо од кога било кон целите што си ги поставивме за 2023 година – рече Ердоган на состанокот на Централниот извршен совет на владејачката Турска партија за правда и развој (АК Парти).“

Зборувајќи за ублажување, Ердоган рече дека процесот на нормализација во никој случај не треба да се забрза и дека граѓаните ќе треба да се придржуваат кон мерките воведени порано за борба против ширењето на коронавирусот повеќе од кога било.

Ердоган рече дека нема да дозволи ризични чекори што ќе го уништат сето она што е постигнато досега и да го започне повторното ширење на инфекцијата

„Ние ќе ја спасиме нашата земја од ова зло без паѓање во очај. Најголем извор на нашата сила е довербата што нашиот народ ја има за нас “, рече Ердоган.

Тој рече дека ублажените мерки може да бидат вратени доколку граѓаните не ги почитуваат предвидените правила.

„Влегуваме во ера во која светот повторно ќе се формира економски и политички. Треба да ја надминеме бариерата наречена пандемија со цел да ги искористиме можностите што ги имаме во овој момент. Нема сомнение дека светла иднина нè чека во случај на победа“ – рече Ердоган.

Тој истакна дека Турција покажа порешителен став од другите развиени земји и се приближи до надминување на овој бурен период.