Хрватскиот фудбалер, Дејан Ловрен смета дека сето ова што се случува е само мит кој има друга намера.

Ловрен е поддржувач на Дејвид Ик чиј Јутјуб канал беше избришан од страна на социјалната мрежа поради неговите содржини кои ги изнесува во врска со корона вирусот.

Хрватскиот фудбалер смета дека 5Г мрежата има влијание за ширење на коронавирусот, а вакцината со која треба да исчезне вирусот ќе содржи микрочипови на нанотехнологија кои ќе служат за контрола на луѓето.
Ловрен е активен на социјалните мрежи со поддршката на Дејвид Ик. На пост на Бил Гејтс во кој милјардерот им се заблагодарува на здравствените работници, Ловрен му искоментира: „Играта заврши Бил. Луѓето не се слепи“. Алудирајќи на теоријата според која Бил Гејтс е еден од луѓето кои сакаат да ги чипуваат луѓето.









