Германците излегоа на улица и покрај забраната за јавни собири за повеќе од 20 луѓе.

Тие бараат да не се носат маски и да се дозволат собири и оти сево ова не оди во прилог на нормалниот живот и на работата.

Во повеќе градови во земјата, демонстрантите протестираат против мерките на владата воведени поради ширењето на коронавирусот. Реагираат дека им се повредени основните човекови права. Исто така тие Бараат да се отворат границите.

Во Берлин повторно дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите, бидејќи оние кои дошле не ги почитувале мерките за оддржување дистанца и собир до 20 луѓе.Приведени се неколку лица.

Слични пораки вчера беа испратени и од Штутгарт.

Најголем протест се оддржа во Штутгард, каде излегоа околу 5 000 граѓани. Но во овој град, според полицијата, протестите се одвиваат мирно. Демонстрантите оддржуваат дистанца, на места обележани за стоење. Но најголем дел од нив не носат маски.

Германија неодамна ги ублажи мерките, дозволувајќи да се отворат малите продавници. Но дали Германците ќе одат на одмор во странство, засега е неизвесно.Политичарите остануваат на ставот дека не треба да се отворат границите а се пшротив и укинувањето на забраната за патување.

Izvor: N1Info-Stel