БиХ: Најавено отворање на џамиите од следната недела. Се чекаат инструкции од надлежните органи

by Administrator

Исламската заедница во БиХ подготви протоколи за постепено отворање џамиите за верниците и сега чека инструкции од надлежните органи, потврди Мухамед Јусиќ (Muhamed Jusić) , портпарол на Исламската заедница на БиХ (BiH).

Тој посочува дека бидејќи БиХ најавува ублажување на мерките во сите сегменти од животот, тој очекува дека од организацијата на верскиот живот, но нема да врши никаков притисок за тоа.

„Ние ја разбираме желбата на верниците, особено во Рамазан, да се вратиме во џамија но не смееме да сториме ништо што би го поништило претходното одрекување и жртвување“, рече Јусиќ (Jusić).

Поради пандемијата на коронавирус, клањањето на петте дневни намази е прекинато од 17 март, а бројот на верници во џамијата е ограничен.

Според порталот „Бугојно денес“ („Bugojno danas“), џамиите ќе се отворат за верниците следната недела, според извори блиски до порталот.

Пишува: „Bugojno danas“ – „Klix“

Пренесува: „Dubai-Portal“

You may also like