Силите на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија извршија жестоки воздушни напади врз позициите на нелегитимните милитантни сили кои ги предводи Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Воздушните сили уништија цистерна за гориво и две воени возила со тешко вооружување кои се доставени на терористичките милитанти на Хафтар“, соопшти воениот службеник, полковник Мухамед Кунуну.
Тој додаде дека нападот е извршен на југозападната периферија на Триполи.
Рано утринава силите на либиската Влада соопштија дека извршиле шест воздушни напади врз конвоите на силите на Хафтар и пет такви удари на воената база „Ал Ватија“ на Хафтар.
Воздушната база „Ал Ватија“ е клучна база во Либија која милитантите на Хафтар ја окупираа во 2014 година. Токму таа база Хафтар ја користи како седиште од кое раководи со нападите на Триполи и другите либиски региони.