По скоро двомесечното затворање, Италија неделава повторно ќе ги отвори двата свои затворени аеродроми, „Чампино“ („Ciampino“) во Рим (Roma) и „Перетола“ („Peretola“) во Фиренца (Firenze).
Аеродромите ќе се отворат на 4 мај за патнички летови, се вели во краткото соопштение од Министерството за транспорт.
Повторното отворање на аеродромите ќе овозможи тестирање на системот за скрининг за коронавирус, велат од Министерството, без дополнително образложение.
„Чампино“ („Ciampino“) аеродромот во Рим (Roma) претежно го користат „Рајан Ер“ („Ryanair“) како и други нискотарифни авиокомпании, додека „Перетола“ („Peretola“) е втор по големина аеродром во Тоскана после Пиза (Pisa).
Двата аеродрома се затворени од 13 март, бидејќи повеќето авиокомпании ги прекинаа летовите кон Италија поради кризата со коронавирус.
Пред затворањето, италијанските аеродроми воведоа систем на мерење на температура на патниците со термички камери.
Италија по скоро двомесечно затворање, од 4-ти мај ги ублажува мерките, каде се очекува враќање на луѓето на работа и исто така бројни ограничувања остануват.
Пишува: „Thelocal“
Пренесува: „Dubai-Portal“










