Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека видел докази според кои новиот вид коронавирус (Ковид-19) произлегол од лабораторија во кинескиот град Вухан, но моментално не може да ги открие деталите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп одговараше на прашањата во врска со актуелните настани во текот на панел-дискусија во Белата Куќа во врска со заштитата на постарите лица, каде беше запрашан во врска со наводите дека вирусот е излезен од лабораторија во Вухан.
На прашањето „Дали сте виделе докази кои ви даваат високо уверување дека вирусот произлегол од Институтот за вирологија во Вухан?“, американскиот претседател одговори: „Да видов“.
„Нашите истражувачи работат на ова прашање, без разлика дали Кина го направила тоа намерно или по грешка. Не можам да ви кажам повеќе“, додаде Трамп, по инсистирањето на новинарите со прашања во оваа насока.









