Утре (петок) невладината организација „Амбиција“ започнува со хуманитарнат акција, бесплатно доделување на маски.
За оваа иницијатива на НВО „Амбиција“ , се погрижија донаторите приватното претпријатие „Неџо Комерц“ и станицата за технички преглед „Р-Контрол“ .
Тие истакнаа дека целта е да се поделат од 1500 до 2000 маски во селото и акцијата ќе заврши во моментот кога ќе се даде и последната маска.
Жителите на с.Подгорци ќе можат своите маски да ги земаат низ осум пунктови во селото.
- Книжара „Хилал“ (Школа)„ “
- Маркет „Т.П Беки“ (Речште)
- Маркет „Банбиса“ (Бајрам)
- Маркет „Шакир“ (Бајри мала)
- 5. Маркет „Елмазоски“ (Имероска мала)
- Маркет „Центар 2016“ (Ориште)
- Маркет „Делфи“ (Ориште)
- Маркет „Ана Марија“ (Горно ориште)
Од Невладината организација посаебно искажаа голема благодарност до донаторите „Неџо Комерц“ и „Р-Контрол“, волонтерите во акцијата, како и до „Муртезоските шивачки“ – Подгорци и медиумскиот покровител, „Дубаи-Портал“.
Аллах да ги награди за ова добро дело, со искрен ниет.
























