Најдобриот пилот во Формула 1 во овие моменти, Британецот Луис Хамилтон, изјави дека во преговорите со Мерцедес, слободата да се прават „одлични работи“ надвор од најбрзиот циркус на денешницата е поважно од платата што ќе ја добие. Шесткратниот светски шампион има договор до крајот на годинава и веќе преговара за продолжување. Во интервју за „Скај спортс“, тој сподели дека претстојниот договор ќе биде последната фаза од неговата кариера.
„Кога се приклучив на тимот, си отворив можност да правам странични работи, како моето партнерство со Томи Хилфигер. Ако не го разјасневме ова навреме, Томи не би бил дел од нашиот тим и јас не би можел да ги правам одличните работи што ги правам сега. Очигледно се насочувам кон последниот период од мојата кариера, така што природно некој да сака да ги максимизира финансиите, но резултатите се многу поважни. Сè е до патувањето и до крајната цел, а другите работи што ги правите исто така ја дополнуваат сликата“, истакна Хамилтон.
DailyMail.










