Палестинец чија работа е да ги разбуди муслиманите да јадат пред зори за време на постот Рамазан, добил закани од израелските безбедносни сили дека ќе биде уапсен, јави новинската агенција „Вафа“ („Wafa“).
Арин Заанен (Areen Zaaneen)од населбата Вади Ал-Jоз (Al-Joz) близу џамијата Ал-Акс (Al-Aqsa) а, утрово беше принуден да ја напушти работата, кога му беше речено дека ќе биде уапсен и ќе биде казнет со парична казна ако биде пронајден како шетал по улиците на Ерусалим (Jerusalem) будејќи ги муслиманите толку рано наутро.
Сведоци за „Вафа“ („Wafa“) изјавиле дека тој бил малтретиран неколку пати.
Израелските војници првото апсење на тапанар извршија во 2018 година, откако илегалните еврејски доселеници поднесоле поплаки за бучава.
„Признавањето на американскиот претседател Доналд Трамп (Donald Trump) за Ерусалим (Jerusalem) како главен град на окупаторската власт и преместувањето на американската амбасада во градот се зелено светло за окупаторските власти да ги подобрат своите [нелегални] населби и еврејството во окупираниот Ерусалим (Jerusalem)“. додаде ПВ (PA). „Ова вклучува постојани провокативни напади врз исламските и христијанските свети места“.
Пишува: „MEMO“
Пренесува: „Dubai-Portal“








