Премиерот на Франција, Едуар Филип изјави дека од 11-ти мај повеќе нема да биде потребна дозвола за некој да излезе од дома, а со работа ќе започнат и некои помали музеи.
Франција го објави планот според кој постепено ќе бидат укинувани мерките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Во врска со тоа, најпрвин ќе бидат отворени училиштата и неопходните претпријатија на 11-ти мај, а истовремено со ублажување на мерките тргнуваат и останатите загрозени европски земји.
Премиерот на Франција, Едуар Филип порача дека од 11-ти мај на француските граѓани нема да им биде потребна дозвола за да излезат од дома, но сепак француската влада ќе продолжи да поттикнува работа од дома. Кога станува збор за рестораните и баровите, тие ќе останат затворени додека не се донесе поинаква одлука.

Бројот на новозаболени се намалува од ден во ден, па така Франција после Италија е уште една земја која е подготвена да се врати полека во нормала. Италија, да потсетиме, од минатата е во „фаза два“ од ублажувањето на мерките.
Шпанија исто така го претстави планот кој се состои од четири фази, според кој земјата планира да се врати во нормала до крајот на јуни.
Премиерот Педро Санчез изјави дека секој регион ќе ги ублажува мерките посебност, во зависност од јачината на епидемијата. Четири шпански острови ќе бидат први кои ќе ги ублажат мерките од 4-ти мај, а остатокот на континентална Шпанија ќе го направи тоа една седмица подоцна.

Шпанските власти веќе укинаа некои мерки, па така, после шест седмици на децата им е дозволено да излегуваат надвор.










