Србија – Дорчол: Група луѓе се собраа пред здружението “Komšije sa Dorćola”, излегоа во време на полициски час, протестирајќи поради продолжувањето на изградбата на тролејбус мрежата во време на вонредната состојба објави Н1.
Неколку полициски возила се најдоа на лице место. Досега, ниту еден од луѓето не е биле уапсени.
Тие се спротивставуваат на сработеното за време на „полицискиот час“ и во текот на ноќта, на 27 април.
Граѓанската асоцијација “Komšije sa Dorćola” во соопштението „Ја предупреди јавноста дека градежните работи за изградба на тролејбус мрежата на Долен Дорчол се спроведуваат за време на полицискиот час и дека надлежните органи одбиваат да ги штитат граѓаните на овој дел од Белград кои се против изградбата, a ги штитат интересите на изведувачот.”
„Работата во овој дел од Белград се спроведува исклучиво за време на забраната за движење, а станарите со денови се обидуваа да им укажат на надлежните органи за бројни нерегуларности. Сето тоа кулминираше на 27 април кога фирмата ATM BG d.o.o. на улицата „Венизелос“ и улицата „Жорж Клеманс“ (Žorž Klemans) продолжија со градежните работи веднаш по почетокот полицискиот час во текот на ноќта “, се вели во соопштението.
Во текот на денот со подетални информации околу протестот.
upravo na donjem dorcolu pic.twitter.com/PSNUfgu9ls
— Ivan Stojanovic (@dzbile) April 28, 2020
„Дубаи – Портал“









