Централниот извршен совет (MYK) на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) се состана под претседателство на претседателот на партијата и воедно претседател на државата Реџеп Тајјип Ердоган.
Во рамките на превентивните мерки коишто се преземаат против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) состанокот се одржа преку видео конференција.
Претседателот Ердоган истакна дека промените во светот укажуваат на тоа дека се создаваат нови и големи можности пред Турција.
Тој рече: „Промените во светот укажуваат на тоа дека пред нашата земја се отвораат прозорци на нови и големи можности.“
Претседателот Ердоган воедно напомена дека тогаш кога постепено ќе почнат да се укинуваат според утврдениот календар мерките за епидемија ќе почнат да се вртат наново со полн капацитет и тркалата за производство во Турција.
Заблагодарувајќи им се на граѓаните кои се придржуваат кон преземените мерки во овој период, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното: „Во наредниот период ќе водиме обид и ќе се залагаме за да го зацврстиме уште повеќе нашето исклучително место во срцето на нашиот народ.“
TRT.










