Легендарниот холандски интернационалец Ариен Робен, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека сериозно размислува да се врати на зелениот терен. Поранешниот фудбалер на ПСВ, Челзи, Реал (М) и Баерн (М), на крајот од изминатата сезона стави крај на својата богата фудбалска кариера.
„На почетокот фудбалот воопшто не ми недостигаше, но потоа почнав да размислувам за тоа дека би сакал повторно да играм по малку. Од време на време имам такво чувство дека би можел да играм. Кризава со вирусов е многу чудна, но кога ќе заврши се видиме. Но, веројатно и секогаш ќе го имам тоа чувство. Јас сум спортист“, изјави Робен.
Goal.








