Турскиот претседател Реџеп Таип Едоган денес изјави дека доколку Турција може да го победи вирусот, ќе има две причини да го слави овој месец, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со надминувањето на Ковид-19, Турција се надева дека ќе има двојно славење на крајот од месецот Рамазан, светиот месец на Муслиманите“, изјави Ердоган на прес-конференцијата по состанокот на Кабинетот преку видео-линк.
Ердоган исто така соопшти дека почнувајќи од 1 мај во 31 област во Турција ќе биде воведен 3-дневен полициски час со ограничувања во излегувањето на улица.
Продолжувајќи да испраќа медицинска помош за останатите земји во борбата против Ковид-19, Турција ќе испраќа помош која вклучува маски, штитници за лице, заштитни комбинезони и средства за дезинфекција.
За светиот месец Рамазан, Турција исто така евакуираше 25.000 турски државјани од 59 земји, кои беа останати таму поради затворњето на границите како превентивна мерка против ширењето на коронавирусот.










