Гневот поради наметнатите мерки се шири низ целиот светот, па протестите избувнаа и во Европа. Луѓето се загрижени поради мерките што ја загрозуваат економијата, а кои се донесени за да се „исправи кривата“.

Во Европа протестите станаа уште понасилни. Немири избувнаа во Италија пред неколку месеци, особено во економски загрозениот југ, поради застојот поврзан со коронавирус, но тие сега се раширија во Германија и Франција, каде се уште се на сила мерките за заклучување.

Германската полиција во опрема за разбивање на демонстрантите и со заштитните маски се судри со демонстрантите, кои повторно протестираа во центарот на Берлин против рестриктивните мерки за епидемијата на коронавирусот, а повеќе од 100 лица беа уапсени.
Демонстрантите викаа „Го сакам својот живот назад“ и носеле транспаренти на кои пишувало „Да ги заштитиме уставните права“, „Слободата не е се, но без без слободата се е ништо“, а на еден од нив пишувало „Тато, што е тоа бакнеж?“
Во Германија има 157,781 потврдени случаи на коронавирус, од кои 5,976 починаа, а 114,500 се излечени.










