Турција на Палестина ѝ испрати медицинска помош во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) медицинската помош и хигиенските пакети ги предаде на палестинските медицински службеници на церемонијата одржана во зградата на Министерството за здравство во Рамала.

Помошта се состои од тестовите на Ковид-19, маски, специјални оддели и останата опрема.

Во текот на церемонијата палестинската министерка за здравство Маи Ал-Каилех изрази благодарност на турските власти и турскиот народ за помошта.

Координаторот на ТИКА за Палестина Ахмет Рефик Четинкаја укажа на пријателството на двете земји, истакнувајќи дека Турција секогаш стоела до палестинскиот народ во неговата борба против израелската окупација.

Турција се одзва на повикот за медицинска и финансиска помош кој го упати Палестина.

Министерот за надворешни работи на Палестина Ријад ал-Малики соопшти дека Турција на вонредното заседавање на Организацијата за исламска соработка (ОИС) најави помош за Палестина.

ОИС во средата одржа вонредна седница на која е разговарано за мерките во борбата против вирусот Ковид-19.

Во Палестина се потврдени 480 случаи на заразување со Ковид-19 а од последиците на болеста починаа две лица, соопштија палестинските здравствени установи.

Со Ковид-19 во светот се заразени повеќе од 2,8 милиони луѓе во светот.