Различните резултати од тестовите на градоначалникот на Куманово може да биде еден од оние случаи што се вклучени во маргината на погрешни тестови, велат  од Центарот за јавно здравје во Куманово, од каде  потврдуваат дека не е првпат луѓето да бидат позитивни, а потоа негативни. Таков случај беше и со првата жртва во Куманово, која двапати беше негативна, а откако почина тестот и беше позитивен. Во врска со случајот на градоначалникот на Куманово, КОЈ исто така предизвика гласини за политички судир меѓу него и Владата, од Ценатрот за Јавно Здравје Куманово истакнуваат:

 

„Нема да зборувам за политички прашања, туку професионално. Нашите екипи професионално ги земале брисевите, ги однеле во Центарот како што направиле со 1700 брисеви досега. Резултатите сме ги добиле онака како што биле, односно позитивни. Она што тој имал два негативни теста може да се објасни со природата на болеста затоа што вирусот Корона е нова инфекција и има многу непознати поврзани со оваа инфекција. Имавме случаи кога тестовите требаше да се повторат затоа што немало доволно брисеви и понекогаш позитивноста беше во дилема“.

 Од Владата не сакаат да ги коментираат политичките обвинувања за овој случај, но велат дека тие ќе го почитуваат медицинскиот протокол. Ситечленови на Владата  кои беа на состанок минатата недела во Куманово со градоначалникот, ќе продолжат со домашна изолација.

Влада на РСМ

„Според препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски и другите и натаму остануваат во домашна изолација, почитувајќи ги со голема дисциплина препораките и советите на лекарите“.

Градоначалникот на Куманово и членовите на Општинскиот Кризен шатб ќе  останат во изолација уште една недела. И покрај фактот дека вчера, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, побара итно поништување на решението за изолација за него и членовите на Општинскиот штаб, денес, за АЛСАТ изјави

Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

„Безбедносниот протокол за движење со брза помош е направен со повикување на 192 за превоз од дома до болницата Жан Митрев и лабораторијата Биотек, каде се извршени дополнителни тестови на Клиниката АџиБадем Систина и Клиниката за инфективни болести Куманово. Не ги коментирам резултатите, ќе ги почитувам процедурите за изолација според одлуката што е дадена, најавен е нов тест за мене, сепак … не е време за истраги и стапици, туку време е да се спасат животите на луѓето “.

И покрај тоа што Димитривески го ублажи ставот во однос на вчерашниот ден, управувачот на Регионалниот центар за управување со кризи вели дека би сакал поништување на одлуката за изолација.

 На 16 април, градоначалникот на Куманово и 9 членови на општинскиот кризен штаб соопштија дека се позитивни на тестовите направени пет дена порано. Но, позитивните резултати беа објавени само еден ден откако првите луѓе на  владата беа во Куманово, за да се разгледа ситуацијата, што доведе до карантин на сите кои беа на состанокот.

Alsat-M