Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп (Donald Trump) нареди стопирање на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) (WHO), изразувајќи го, како што рече, „длабока загриженост“ дека агенцијата е „пристрасна против Кина“ и не е транспарентна во нејзиниот пристап кон пандемијата која е во тек.

Администрацијата на Трамп (Trump), наводно, го блокирала објавувањето на последната изјава од состанокот на министрите во Г20 (G20) за поддршка на улогата што (СЗО) (WHO) ја презеде за решавање на глобалната пандемија на коронавирус. Белата куќа во неколку наврати ја обвинуваше меѓународната здравствена агенција за „про-кинеска“.

Извештајот на „Телеграф“ „(Telegraf“) од 52 точки предвидува „глобален одговор“ на пандемијата КОВИД-19 (COVID-19), со (СЗО) (WHO) како примарен координатор, но конечниот извештај останува во нацрт-форма бидејќи Соединетите држави го „спречија“ да ги објави обвинувањата на Трамп (Trump) против агенцијата и да го намали неговото финансирање . „Целосно го поддржуваме и се залагаме за натамошно зајакнување на мандатот на (СЗО) (WHO) во координација на меѓународната борба против пандемијата“, се вели во една еден дел во извештајот.

Според „Гардијан“ („Guardian“), од сите донатори било побарано да инвестираат во фондот, велејќи дека е „далеку попрофитабилно да се инвестира во одржливо финансирање за подготвеноста на земјата отколку да се платат за трошоците за одговор на епидемии“. Документот, наводно, бил поддржан од 19 земји, а исто така, наводно, изразува загриженост за недостаток на „одржливо финансирање“ за програмата за итни случаи на (СЗО) (WHO). Овој потег доаѓа откако Трамп (Trump) минатата недела се закани дека ќе го намали американското финансирање за (СЗО) (WHO), тврдејќи дека тој имал „големи грижи“ за континуираната „великодушна поддршка“ на организацијата.

„Ако (СЗО) (WHO) ја завршеше својата работа … епидемијата можеше да биде уништена кај нејзиниот извор со многу малку смртни случаи … што би спасило илјадници животи“, тврди Трамп (Trump).Тој ги обвинува (СЗО) (WHO) и Кина (China) за прикривање и минимизирање на заканата од КОВИД-19 (COVID-19), што и агенцијата и Пекинг во неколку наврати ја негираа.

Пишува: „TheHill“ / Превеудва: „Dubai-Portal“