Американскиот претседател, Доналд Трамп, предложи невообичаени методи за лекување на Ковид-19, вклучувајќи ја ултравиолетовата светлина и вбризгување дезинфекциски средства, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Да претпоставиме да го нападнеме телото со голема количина, било да се работи за ултравиолетови зраци или само силна светлина. Мислам дека рековте дека тоа не е проверено, но ќе го тестирате. Да претпоставиме дека сте внеле светлина во телото, што може да го направите преку кожа или на некој друг начин. Звучи интересно“, изјави Трамп за новинарите.
Неговите забелешки ги даде неколку минути откако Вилијам Брајан, вршителот на должноста шеф на Кабинетот за наука и технологија на Одделот за внатрешна безбедност на САД, рече дека американските научници откриле дека вирусот преживува најдобро во затворени и суви простории, но ја губи моќта кога температурите и влажноста се зголемуваат, особено ако е изложен на сончева светлина.
Трамп потоа смисли уште еден третман, овој пат сугерирајќи употреба на дезифициенси, односно средства за дезинфекција.
„И тогаш, тука е дезинфициенсот што го убива за една минута. За само една минута. Дали има некој начин да го сториме тоа со вбризгување, речиси како чистење? Како што можете да видите, влегува во белите дробови и прави одлична работа во белите дробови, па затоа би било интересно. Мора да користите медицински експерти за ова, но за мене звучи интересно“, рече американскиот претседател, додавајќи кратко:
„Така подобро ќе знаеме. Но целиот концепт на светлина, начинот на кој убива за само една минута е прилично моќен“, додаде тој.
Трамп ја праша лекарката што го предводи тимот за одговор на коронавирусот во Белата куќа, Дебора Беркс, дали има слушнато за употреба на сончева светлина во лекувањето на болеста.
„Не како лек, мислам се немам сретнато со употреба на светлина или топлина“, одговори таа.
„Ве молам не вбризгувајте или не консумирајте средства за дезинфекција“, напиша на Твитер Крис Хајес, водителот на шоуто за новости и мислења на американскиот кабелски телевизиски канал MSNBC.
Во САД се детектирани 886.709 лица кои позитивни на Ковид-19, а над 50.000 починаа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус. Во оваа земја 85.922 лица се излекувани.
Anadolu.










