Турција го одбележува 23. Арпил – Денот на националниот суверенитет и детето, како и сто години од основањето на турскиот парламент (ТБММ). По тој повод луѓето во Турција излегоа на балконите и прозорците за да ја пејат химната, истакнувајќи го турското знаме, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Турција 23. Април се одбележува со низа церемонии ширум земјата, а децата учествуваат во програмите на стадионите и улиците. Сепак, оваа година домовите беа во фокусот на прославите, со огле дека се забранети собири со цел спречување на ширењето на заразувањето со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).
Во градските центри се организирани и програми со светлосни и звучни ефекти, а граѓаните уживаа и во огномет.

Турција секоја година одбележува годишнина од основањето на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) основано во 1920 година, со организирање на низа церемонии и посета на Антикабир, маузолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Турција.

Децата симболично седнуваат во пратеничките клупи. И претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган окружен со деца упати порака преку телевизија.

Anadolu









