Tuesday, June 2, 2026
Home Спорт Бундеслигашите се подготвени да се вратат на терените, се чека зелено светло...

Бундеслигашите се подготвени да се вратат на терените, се чека зелено светло од владата

140
0

Раководството на Бундеслигата соопшти дека клубовите се договориле да продолжат со првенството на 9. мај, но најпрво ќе треба да добијат дозвола од германските власти.

Челници од сите членови на првата и втората Бундеслига, денеска на состанок се договориле дека може да се стартува на тој датум. Меѓутоа последниот збор ќе го имаат властите, и пред се здравствените организации кои ќе треба да дадат зелено светло.

Секако дека пред да стартуваат, играчите можно е и да бидат тестирани на коронавирусот.

Натпреварите, очекувано, ќе се играат без присуство на публика.