Првенството во Формула 1 (Formula 1) постојано се одложува од избувнувањето на пандемијата на вирусот корона. Девет трки веќе се откажани и не е познато кога ќе бидат на програмата или колку ќе има воопшто оваа сезона.

За да ги преживеат големите финансиски загуби, тимовите мораа да ги минимизираат трошоците. Ограничувањето на буџетот за 2020 година од 160.000.000 евра е намалено на 135.000.000 евра за следната сезона, што ФИА (FIA), со Зек Браун (Zak Brown) на чело, сака да ги намали понатаму, на околу 90.000.000 европски банкноти.

Оваа идеја на челниците доведе до поделба на големите три брендови од Формула 1(Formula 1).

Мерцедес (Mercedes) би можел да се согласи, меѓутоа, Ферари (Ferrari) и Ред Бул (Red Bull) излегоа со свои барања, поради што италијанскиот тим објави дека може да го напушти натпреварот.

Матиа Биното (Mattia Binotto), првиот човек на Ферари, го изрази своето мислење во интервју за „Guardian“ („Гардијан“).

„Новото барање за спуштање на буџетската граница на 135.000.000 евра е многу побарувачко споредено со 160.000.000 евра што беше утврдено минатиот јуни. Ова е нешто што не може да се постигне без значителна жртва, особено во човечките ресурси. Ако тие сакаат да го намалат буџетот понатаму, тоа може да не стави во позиција да бараме други опции каде можеме да ја покажеме нашата такмичарска ДНК “, рече Биното.

Ферари (Ferrari) е единствениот тим во Ф1 (F1) од првиот шампионат што се одржа во 1950 година и сега е во искушение да го расипе тоа партнерство. Тимот кај италијанскиот производител на автомобили веруваат дека одлуката за нагло спуштање на буџетската граница е избрзана.

„Во Ф1 (F1) имаме различни тимови со различни карактеристики. Тие работат во различни земји, под различни правила и со свој начин на работа. Затоа, не е едноставно толку ненадејно да се направат структурни промени едноставно со намалување на трошоците. Свесни сме дека Ф1(F1) и навистина целиот свет во моментов минува низ особено тешко време заради пандемијата. Сепак, ова не е време за избрзани одлуки, бидејќи постои ризик да се донесат одлуки без претходно да се проценат сите последици“.

Останува да се види како ќе заврши оваа игра на Ферари (Ferrari). На Ф1 (F1) му треба Ферари (Ferrari) и во нивни интерес е да останат на првенството. Но, се чини дека не по секоја цена.

Пишува: „Eurosport“ / Преведува и пренесува: „Dubai-Portal“