Во повеѓе оружени судири помеѓу армијата и талибанците во Авганистан во последните 24 часа загинаа десетина луѓе, соопштија властите во Кабул, а САД се обидуваат да посредуваат во мировните преговори, пренесе АП.

Во синоќешниот напад на талибанците врз контролен пункт во близина на руникот за бакар во провинцијата Логар загинаа осум припадници на авганистанските безбедносни сили. Талибанците нападнаа и неколку контролни пункта во провинцијата Сар е Пул, при што загинаа 11, а повредени се 19 војници.