Епидемијата на вирусот Ковид-19 е близу до својот врв и земјата планира да се врати во нормален живот по крајот на Рамазан кон крајот на мај, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Оваа пандемија стана најголема криза од избувнувањето на Втората светска војна во однос на економските последици. Сакаме да постигнеме максимално почитување на мерките во текот на месецот Рамазан и да се вратиме во нормален живот по празниците, рече Ердоган.

Ердоган додаде дека засилените мерки ќе бидат воведени во 31 града во Турција и ќе бара четиридневен полициски час.